ВМРО-ДПМНЕ: Адеми да си поднесе оставка како пратеник, а потоа да одговара за нападите

пред 3 години

ДУИ си го брани криминалот со физички напади врз пратениците, Ковачевски да го осуди дивеењето на Арбер Адеми, реагираат од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ по синоќешните тензични настани во Собранието.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Адеми да не се крие зад имунитетот и да си поднесе оставка како пратеник, а потоа да одговара за нападите врз пратениците. Кога е заргозен криминалот на ДУИ тие обвинуваат за антиалбанство, а тие се само обични криминалци кои ќе одговараат. Адеми удираше пратеници со раце, а потоа ги гаѓаше со тврди предмети, со што можеше да го загрози нивниот живот. Тоа што Адеми не погоди никого директно е само случајност и среќа на присутните пратеници, интенцијата на Адеми беше да им нанесе физички повреди и тоа се гледа од снимките“, е наведено во соопштението од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Нападот на Арбер Адеми, додаваат од оваа партија, покажува како СДСМ и ДУИ ја сфаќаат демократијата.

„Секогаш кога не е како тие што сакаат тие се закануваат и напаѓаат. Но веќе не поминуваат испадите на СДСМ и ДУИ. Со нивните испади во собранието нема да го запрат нивниот пад. Избори што поскоро“, се потенцира во дописот од оваа партија.