Српската пејачка Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ имаат своја јахта, која според медиумите чини околу 6.000.000 евра.
Пејачката за медиумите откри дека јахтата има шест спални соби. Дневната соба е пространа, со голем телевизор и мермерна маса. Една од спалните има сопствена бања, а крпите во тоалетите се во нијанса на плочките.
„Тоа е убава јахта од 100 фита, со пет, шест спални соби. Имав една година пауза и одмор за да го проживеам она што навистина го посакував цел живот, да пловам и да бидам на вода. Ги сакам морето и водата. И јас сакам јахти. Секако, не успеав да посетам се што сакав“, изјавила Брена во едно интервју.