Хуманитарен концерт во чест на Тоше на денот на неговиот прв концерт

пред 2 години

Во среда, 29 јуни, во спомен куќата ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“ кој ќе биде во чест на Тоше и од млади таленти ќе се интерпретираат негови песни.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Настанот ќе се одржи во спомен куќата „Тодор Проески“ со почеток во 19:30 часот, а како организатор се јавува Play Without Boundaires со поддршка на спомен куќата.

„29-ти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. Талентитани уметници како Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија“, велат организаторите.

Share
Scroll to Top