„Вчера бевме сведоци на уште едно самоволие и насилство на владеачкото мнозинство во Собранието. Вчера на комисијата за европски прашања пратеникот и претседател на комисијата Арбер Адеми дивееше, кршеше инвентар и фрлаше предмети по пратеници. Очигледно нервозата во ДУИ и СДСМ расте и ја губат контролата. Несанкционирањето на примитивизмот на Талат Џафери, кој пцуеше службеници во Собранието и заклучуваше пратеници во пленарна сала, е причина таквото недемократско поведение да продолжи да се манифестира од други членови од мнозинството“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Вака денеска во Собранието пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска ја започна прес-конференцијата иницирана по синоќешните настани во Законодавниот дом.
„Арбер Адеми се обиде да заклучи дневен ред иако имаше пријавено пратеници кои истиот сакаа да го надополнат. Тој ги оневозможи пратениците Снопче, Азири, Стојановска, Милошоски, Петрушевски да го искористат деловничкото право да предложат други точки, пред истиот да биде усвоен. Кога беше спречен од колегите пратеници тој се изгуби тотално почна да навредува, да влече и удира, да уништува инвертар, па дури и намерно да фрла цврсти предмети од кои еден го погоди колегата Азири директно во главата“ рече Стојаноска.
Таа смета дека „ова веќе ги преминува сите граници, ова веќе е класичен пример за кривично дело“.
„Повикуваме Јавното обвинителство да реагира, а во исто време бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом. Очекуваме и пратениците од коалицијата на СДСМ и Димитар Ковачевски да излезат од скутот на ДУИ и еднаш барем да се охрабрат и да санкционираат вакво однесување, бидејќи гледаме дека кога едно самоволие и насилство не се санкционира, тогаш уште поголемо се повторува“ рече пратеничката од опозициската партија.