Владата останува посветена на усогласување на нејзините национални напори со Агендата за иновации за Западен Балкан. Во текот на изминатите години, Владата покажа високо ниво на посветеност на подобрување на националниот екосистем за истражување и иновации. Значајна сума од националниот буџет е доделена за поттикнување на истражувањето и иновациите. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири во Тирана на Министерскиот состанок на платформите на Западен Балкан за истражување и иновации, образование и обука, на кој покрај министрите за образование на земјите од опкружувањето, присуствуваат и Европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, Марија Габриел и генералните директори на директоратите за истражување и иновации и образование, култура и спорт.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Државниот буџет за истражување е двојно зголемен во споредба со претходната година. Најголем дел од финансиските средства е насочен кон финансирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на истражувачката инфраструктура на факултетите и јавните научни институции. Ставајќи ги на маса дигитализацијата и Зелената агенда како хоризонтални приоритети, со Фондот за иновации се планира серија социјални предизвици кои ќе ги позиционираат иновациите како движечка сила за трансформирање на нашето општество и нашата економија и позиционирање на иновациите“, изјави Шаќири.
Министерот ги информираше присутните дека е започната сеопфатна образовна програма за заштита на животната средина со негување на инклузивен и системски пристап.