Мексиканска глумица криела дека има дете со претседателот

Мексиканска глумица криела дека има дете со претседателот

пред 4 години

Една од најпознатите глумици на мексиканските теленовели, 50 годишната Адела Нориега, повеќе од три децении криела дека добила син, со поранешниот мексикански претседател 72 годишниот Карлос Салинас де Гортари.

Адела во деведесетите години важеше за една од актерките со најголем број на насловни улоги во мексиканските теленовели. Таа е добро позната на домашната публика, која ја следеше за време на нејзините успеси во „Вистинска љубов“, „Марија Исабел“ и многу други серии.

Пред неколку дена, голем дел од нејзините бројни колеги и пријатели се пожалиле јавно дека таа им се нема јадено повеќе од година дена, а некои наведуваат дека со неа изгубиле секаков котантк уште пред десетина години, кога се повлекла од светот на сапуниците.

Веќе долго време во јавноста во Мексико се зборува дека Адела е тешка болна и дека има рак. Сепак нејзината сестра Рејна, ги негирала ваквите шпекулации. Таа се јави на социјалните мрежи и напиша дека вестите кои се шират за Адела не се вистинити.

„Мојата сестра нема социјални мрежи и за среќа не може да ја види количината на невистини информации кои се шират за неа. Вистина е дека е болна, но не е во прашање рак, туку нешто друго“, напишала Рејна на „Твитер“.

Во последните неколку дена, медиумите во Мексико на големо пишувале дека тоа е само параван и дека Аел со години се крие од јавноста, поради тајната која ја чува од минатото. Адела пред 30 години била во врска со поранешниот претседател на Мексико Карлос Салинас де Гортари.

Поедини медиуми тврдат дека двајцата добиле син, кој денес има 31 година. Карлос кога се породила Адела, се оженил со Ана Паула Џерард. Тој никогаш на сопругата не и признал дека имал син, открива извор близок до поранешниот претседател.

„Тој беше фасциниран од нејзината убавина уште во 1988 година, кога ја виде во главната улога во една теленовела. Веднаш го побара продуцентот и му кажа да му договори средба. Иако таа одби, Карлос се закани дека тоа негативно ќе влијае на нејзината кариера. Тој и се заканил дека мора да му ги исполни желбите, ако сака да продолжи да се занимава со глумата. Откако му роди дете, тој се погрижи да исчезнат и се закани дека повеќе никогаш не смеат да се појават во јавноста. Не знам со што ја уцени, но му запали“, открива близок пријател на Адела.

Share
Scroll to Top