Ирфан Менсур: Кога мислев дека умирам, на синовите првпат им кажав дека ги сакам

Ирфан Менсур: Кога мислев дека умирам, на синовите првпат им кажав дека ги сакам

пред 2 години

Српскиот актер Ирфан Менсур неодамна наполни 70 години. На роденденот направи забава, но не поради јубилејната бројка, туку тоа што, вели, бидејќи Бог го спасил. Доајенот на српскиот театар многу лошо ја поминал короната, што ниту тој, а ни лекарите не мислеле дека ќе преживее. И во тие моменти, кога мислел дека умира, ги собрал синовите, на кои првпат во животот им кажал дека ги сака.

Менсур, во интервју за магазинот „Стори“ раскажа за борбата со вирусот, но и за семејството, поранешните љубови и долгата кариера.

„Заслужив Бог да ме чува уште малку, не знам уште колку, но барем малку. Сè што ми се случуваше во кризните ситуации не беше логично, на пример, јас сум човек кој немал никакви здравствени проблеми, а одеднаш добив три бајпаса. Еве, девет години поминаа оттогаш. И кога ја добив короната, на почетокот немав никакви симптоми, тоа беше во првиот бран кога сè уште немаше вакцина. Сè беше во ред додека не се најдов во ситуација да мора итно да ме пренесат од Ниш во Белград, оти во Ниш ја работев ‘Ана Каренина’. Во тие два-три часа патување бев целосно исцрпен“, вели глумецот.

Од Ниш бил однесен во болница на Бежаниска коса, каде што лежел со недели.

„Во тие денови некако почнав да се збогувам од луѓето. Ми беше криво што не им кажав на некои луѓе она што го мислам. Кога некој ќе каже ‘Те сакам’, тоа сепак има поголемо значење од она што го правиш за некого. Никогаш не им реков ‘Те сакам’ на моите синови, но правев сè за да го почувствуваат тоа. Но, во тоа мое бунило, додека лежев во болница, си мислев: ‘Како не им го кажав тоа до сега, зошто не им кажав?’ Кога по дваесет дена ме тргнаа од кислородна поддршка и ме пуштија на домашно лекување, ги собрав и првпат во животот им кажав дека ги сакам и дека стварно мислев дека ќе умрам. Многу луѓе нè напуштија без да се збогуваме, не сакав и јас да сум еден од нив“, рекол глумецот во интервјуто.

Share
Scroll to Top