„Ние сме на прагот на Третата светска војна и се наоѓаме во тешка ситуација, но се трудиме да ја задржиме позицијата на независно и самостојно одлучување, што е исклучително тешко, но кое е најпаметно, најдобро, најхрабро и најмудро“, рече Брнабиќ гостувајќи во Српската радио-телевизија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Брнабиќ посочи дека енергетиката ќе биде главна тема на агендата на идната влада. Таа забележува дека прашањето за енергетиката денес е политичко прашање и дека благодарение на кредибилитетот и врските што ги има претседателот Вучиќ, Србија за краток временски период успеала да обезбеди гасен аранжман со Унгарија.
Енергетиката ќе биде најважната тема на агендата на идната влада, изјавила Брнабиќ и додала дека се работи на изнаоѓање решение.
„Јасно кажавме дека ќе ги заштитиме цените и куповната моќ на граѓаните и конкурентноста на стопанството, ќе се трудиме да издржиме што подолго, во овој момент цената на струјата кај нас е три до пет пати пониска отколку во ЕУ“, кажала таа.