Џеди Осман, еден од најдобрите турски кошаркари, денес ќе се жени во родниот Охрид со турската актерка Ебра Сахин.
Одморот помеѓу двете НБА сезони ќе го искористи да направи свадба во Охрид за да ја исполни желбата на неговите родители. Венчавката ќе ја направат на јатха во Охридско езеро.
Кошаркарот на Кливленд Кавалирс одморот го поминува со својата девојка, познатата турска актерка Ебра Сахин, која на социјалните мрежи сподели видео од забавата во Охрид.
Осман и Шахин се во друштво на пријателите и семејството, а во позадина се слуша „Миљацка“ на Халид Бешлиќ.
Кошаркарот своето детставо го има поминато во Охрид, бидејќи таму е роден. Неговиот татко е Турчин, а мајка му Србинка од Нови Пазар.
Девојката на Џеди е турската актерка Ебру Шахин, која се прослави со улогата во познатата турска серија „Невозможна љубов“ каде го толкува ликот на Рејан Шадоглу.
Кошаркарот ја побара за сопруга во Кападокија по една година врска. Познатата актерка и модел тогаш сподели неколку фотографии на Инстаграм.
Ебру, која на публиката ѝ е позната од нејзините улоги во турските серии, има дипломирано на спортскиот универзитет во Истанбул. Таа по студиите започнала да оди и на часови по глума, а на филмското платно дебитира во 2016, додека првата серија во којашто се појавува е „Мојот татко“.