Субвенции за велосипеди во општина Аеродром – аплицирањето почнува в понеделник

пред 2 години

Општина Аеродром в понеделник, 4 јули, го отвора јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди, а субвенциите од оваа година се проширени и ќе се однесуваат и на електрични тротинети:

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– за велосипеди во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари;

– за електричен тротинет во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице.

Заинтересираните граѓани е потребно да поднесат:

– Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од веб-страницата http://aerodrom.gov.mk/vest/8955, почнувајќи од понеделник)

– Фотокопија од лична карта или пасош како доказ за жителство во Општина Аеродром

– Фотокопија од трансакциска сметка на барателот

– Оригинална фискална сметка или фактура со датум од тековната 2022 година како доказ дека е извршено купување велосипед и електричен тротинет

– Изјава (која може да се подигне од архивата или на линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/8955), со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции од друга институција.

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за купување велосипеди и електрични тротинети за 2022 година“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Share
Scroll to Top