Во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, соопштија надлежните.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
При контролата санкционирани биле 30 учесници во сообраќајот. На сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.