Пристигнаа нови 11.700 дози од вакцините на „Фајзер“

пред 3 години

Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Од нив, 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).  Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

Министерот вели дека количините на вакцини постојано се дополнуваат,  и апелира сите граѓани да се пријават за вакцинација.

Претходно денеска, Филипче изјави дека останати се уште 5.000 вакцини за прва доза. Наскоро ќе пристигнат 70.000 вакцини од Грција и Бугарија, а најверојатно станува збор за „Астра зенека“. Вакцини на „Фајзер“ во Македонија се испорачуваат секој понеделник.

Share
Scroll to Top