Музичарот Ар Кели, кој е осуден на 30 години затвор за сексуална злоупотреба на малолетници и детска порнографија, сега е под посебен надзор бидејќи постои можнот дека ќе се самоубие.
Иако тој тврди дека тоа е само за да го казнат, официјалните лица од затворот во Бруклин велат дека тоа е за негово добро откога психолошката процена покажа дека моментно е под голем емоционален стрес и дека тоа може да доведе до екстремна реакција.
Адвокатите на Кели тврдат дека тоа е нешто погодно за луѓето што би можеле да кренат рака на себе, но дека нивниот клиент не е во таква ситуација, туку се користи фактот дека е славен.
Кога беше објавено дека е осуден на 30 години затвор, со парична казна од 100 илјади долари, Кели не покажа никаква реакција. Кога беше обвинет за рекет и сексуална трговија, тој негира, а сега има намера да ја оспори пресудата.
Покрај казната, Кели треба да се појави на уште едно федерално судење за обвиненијата поврзани со детска порнографија. Американскиот казнен систем ја засили безбедноста во затворите откога Џефри Епштајн се самоуби во затворот во 2019 година додека го чекаше судењето за обвиненијата за сексуално вознемирување малолетни девојчиња.