ЛДП: И граѓаните и полицијата да се воздржат од прекумерна сила

пред 3 години

Протестите се демократско право, но апелираме до сите оние кои што неколку дена се наоѓаат на улиците пред нашите институции, да не користат сила и да не фрлаат со предмети кои што можат да повредат други луѓе, изјави Теодора Димитровска портпаролка на Либерално демократската партија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Свесни сме и знаеме дека протестот преставува уставно загарантирано право, луѓето кои што протестираат пред нашите институции имаат право да го прават тоа и да го изразат своето незадоволство на улици, но да се воздржат од употреба на прекумерна сила“, додава таа.

Димитровска исто така упати апел и до оние службеници кои што се наоѓаат на теренот овие неколку дена, а кои што се од Министерството за внатрешни работи.

„ Ве замолуваме вашите работни обврски да ги вршите во рамки и во согласност со законите, прекумерна сила во овие моменти не е потребна, ЛДП секогаш застанува зад интересот на граѓаните и во наредниот период такви ќе бидат и одлуките кои што ќе бидат донесени, рече Димитровска.