Борис Џонсон бара нова локација за свадба, откако си поднесе оставка од премиерската функција

Борис Џонсон бара нова локација за свадба, откако си поднесе оставка од премиерската функција

пред 2 години

Британскиот премеир во заминување Борис Џонсон и неговата сопруга Кери повеќе немаат намера да организираат голема свадба на крајот на месецот во резиденцијата на британскиот премиер Чекерс, соопштија извори од Даунинг стрит.

dobivaj vesti na viber

Најавата дека забавата требаше да се одржи во Чекерс, замок од 19 век со затворен базен во северозападен Лондон, предизвика критики по оставката на Борис Џонсон. 

Џонсон, сепак, рече дека ќе остане на функцијата премиер додека не биде избран неговиот наследник на чело на Конзервативната партија, кој автоматски станува премиер. Тој процес може да потрае неколку недели. 

„Држете се до последната прослава“, пишува денеска Дејли Мирор со слика на парот кога се венчаа во мај 2021 година. Прославата тогаш не беше организирана поради ковид мерките.

Според извори на Даунинг стрит, Џонсон бара нова локација за свадба. Борис и Кери Џонсон минатата година имаа мала црковна венчавка во католичката црква Вестминстер. Во тоа време, ограничувањата на ковид ги ограничуваа собирите на 30 луѓе. Џонсон и неговата сопруга имаат две деца, двегодишниот Вилфред и седуммесечната Роми. Ова е трет брак на Џонсон, а има уште најмалку пет деца.

Share
Scroll to Top