Вера Ванг на 73 ко да има 30, дизајнерката прослави роденден во барби розев изглед

Вера Ванг на 73 ко да има 30, дизајнерката прослави роденден во барби розев изглед

пред 4 години

Модната дизајнерка Вера Ванг го прослави својот 73-ти роденден и на социјалните мрежи сподели фотки од прославата. Вера беше облечена во здолниште и блуза, а нејзината коса беше розева.

 

Нејзините следбеници со години се восхитуваат и се прашуваат за екстремно младиот изглед на Вера, поради што може да се помеша со 30-годишна жена.

Во една прилика на прашање на една следбеничка, како успева да изгледа така на таа возраст, таа одговори: „работа, спиење, коктел со вотка и избегнување на сонце“.

Во едно интервју таа изјави дека во нејзината исхрана нема нездрави оброци како пица и крофни, туку вклучуваат омлет со малку тост и сланина, пудинг со ванила за појадок, пилешка супа со многу зеленчук за ручек и домашна кинеска храна за вечера.

Во интервју за Harpers Bazaar таа откри дека се буди околу осум наутро, но дека таа не е утринска личност и има потреба од најмалку осум часа сон.

А дизајнерката откри уште неколку примери од нејзиното мени.

„Обично тоа е јогурт со свежо овошје или јајца со пилешки колбас, а ако е недела се почастувам со чаден лосос на интегрален леб и еден куп лимони. После тоа кревам малку тегови, не премногу“, рече таа.

Следува ручек во 12:30, а таа тврди дека никогаш не го прескокнува.

„Никогаш не прескокнувам оброци, потребна ми е храна за мозокот“, рече таа и откри што сака да јаде за ручек: „Сакам суши со интегрален ориз и зеленчук, брокула на пареа со пилешко и ориз, салата од артичок или риба“.

Рече и дека строго не вечера по 19 часот и 30 минути и дека на вечера излегува во ресторан пет дена во неделата.

Share
Scroll to Top