Челси, откако речиси сигурно ја загубија трката за потписот на ѕвездата на Лидс, Рафиња, кој ќе заврши во Барселона, го префрлаат фокусот на фудбалерот на Баерн Михен, Серж Гнабри, тврди „Дејли мејл“.
„Сините“, кои го очекуваат пристигнувањето на двојката на Манчестер сити, Рахим Стерлинг и Нејтан Аке, не успеаја да го убедат Рафиња да ја прифати нивната понуда по привлечната опција да се пресели на „Ноу Камп“. По ова, американскиот газда Тод Бели бара други опции, меѓу кои најатрактивната е Гнабри, фудбалер кој произлезе од академијата на Арсенал, но стана вистинска ѕвезда во Баерн. Цената на трансферот не би била помала од 45 милиони фунти.
Во исто време, Челси се блиску до продажба на уште еден фудбалер, откако Милан ги комплетираат преговорите за трансферот на Хаким Зијеш. Челси „туркаат“ за постојан договор, додека италијанскиот шампион преферира позајмица.