Македонски математичари освоија медали на Олимпијада во Осло

Македонски математичари освоија медали на Олимпијада во Осло

пред 2 години

Македонската репрезентација по математика која учестуваше на 63. Интернационална математичка олимпијада ИМО 2022, постигна одличен резултат, информираат од

Сојузот на математичари на Македонија.

„На овој најпрестижен математички натпревар во светски рамки нашата екипа годинава освои два сребрени медали, два бронзени медали и две пофалници“, соопшти ССМ.

Никола Спировски и Дамјан Давков освоија сребрен медал со по 29 поени, а Блаже Суклевски и Јан Стојановски – бронзени медали со 27 и 24 поени.

Пофалници, пак, добија Алексиј Тасиќ и Јасна Илиева со 21 и 18 поени.

Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.

Share
Scroll to Top