(Видео) По долго време пауза Бритни повторно запеа

(Видео) По долго време пауза Бритни повторно запеа

пред 2 години

Поп ѕвездата Бритни Спирс по подолго време пауза ги изненади фановите и запеа. Таа во петокот на „Инстаграм“ го испеа нејзиниот хит Baby one more timе.

„Ова сум јас вчера како перам. Не сум го објавила мојот глас многу долго, можеби предолго и еве ме како пеам во мојот дом, но, поинаква верзија од Baby“, рече Бритни.

Таа рече дека со години работела на новата верзија на песната и се надева дека повторно ќе издаде ажурирана верзија.

„Па го барав она што го сакав 14 години. Поинаква верзија од Baby“, и откри дека семејството ѝ е виновно што продуцентите не успеале да ја изработат за неа.

Бритни објасни дека семејството ѝ ја расипала новата верзија која ја снимила, па сега повторно решила да ја испее со својот глас.

„Ми ја уништија песната, ме посрамотија и направија да се чувствувам како ништо“, рече Бритни.

Пејачката во текот на целата кариера често го криеше својот вистински глас, а за тоа го обвинуваше семејството. Со својот настап ги воодушеви обожавателите, а тие ја поддржаа.

„Мора да ја снимиш оваа верзија. Сакаме да го слушаме твојот глас. Твојот длабок, природен глас е најдобар“, и порачаа тие.

„Baby One More Time“ беше објавенa во 1998 година. Песната се најде на врвот на топ листите во 22 земји а и донесе и Греми награда на Бритни. Пејачката наводно планира да се врати во студио за да снима повторно музика.

Share
Scroll to Top