Бизарна несреќа се случи на Тур де Франс. Белгискиот велосипедист Ив Лампаерт падна на 12-та етапа откако куче кое залутало на патеката удрило во неговиот велосипед.
Миленикот на еден од гледачите кои биле собрани околу патеката избегал од сопственикот и истрчал на патеката каде што поминувале велосипедистите.
A dog ran into the peloton yesterday. ? #TDF2022
?: TikTok/herveesser pic.twitter.com/a5Sx16s89k
— CyclingTips (@cyclingtips) July 15, 2022
Белгиецот паднал и си го пресекол бутот. Повредата не го спречи да ја продолжи трката, но подоцна се пожали на социјалните мрежи.
– Паднав поради кучето и тоа откако им кажав на гледачите да ги остават кучињата дома“, изјави Белгиецот.