Удинезе се во форма, го победија и Сасуоло

Удинезе се во форма, го победија и Сасуоло

пред 3 години

Удинезе го победија Сасуоло во 26.коло, во Серија А. Тимот од Удине, ја потврди добрата форма, на последните четири натпревари два пати победија и два пати играа нерешено. Со оваа победа „зебрите“ се искачија на 10 место на табелата со 32 бода, Саусоло се место погоре со 36 поени.

Натпреварот на Дачија арена во Удине, го обележаа головите на домашниот тим постигнати во финишот на полувремињата.

Ветеранот, Фернандо Љоренте, во 42.минута го постигана голот за водство на Удинезе. За Шпанецот ова беше прв гол за „зебрите“ по доаѓањето од Наполи.

Конечниот резултат го постави Андреас Переира во 93.минута.

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски, играше од 86.минута кога го замени стрелецот на првиот гол Љоренте.

Share
Scroll to Top