Емоџите одбележуваат 20. години користење во секојдневната комуникација

Емоџите одбележуваат 20. години користење во секојдневната комуникација

пред 2 години

Светскиот ден на емотиконите се слави веќе 20 години за да се одбележи важноста на користењето емотиконите во комуникацијата во секојдневниот живот.

dobivaj vesti na viber

Од септември 2021 година, стандардот на Уникод официјално наведе над 3.600 емотикони, според Емоџипедија.

Повеќе од 21 процент од сите твитови сега содржат барем едно емоџи. Сето ова укажува на постојано зголемување на важноста на емотиконите во нашата секојдневна комуникација. Со цел да се поддржи и поттикне користењето емотикони, Светскиот ден на емотиконите се слави секоја година на 17 јули.

Неделата го одбележа јубилејот, дваесеттиот Светски ден на емоџи, а оваа традиција ја започна Џереми Бург – основачот на Емоџипедија.

Листата на најпопуларните, односно најупотребуваните емотикони е лице со солзи радосници, црвено срце, тркалање по подот смеејќи се, палци нагоре, лице кое гласно плаче.

За популарноста на емоуџите говори и тоа што во 2015 година речникот на Оксфорд го прогласи за збор на годината. 

Share
Scroll to Top