„Чеинсмокерс“ ќе влезе во историјата како прво дуо кое ќе одржи концерт на работ на вселената

„Чеинсмокерс“ ќе влезе во историјата како прво дуо кое ќе одржи концерт на работ на вселената

пред 2 години

Американското диџејско дуо „Чеинсмоукерс“ ќе влезе во историјата како прв бенд кој ќе одржи концерт на работ на вселената. Дру Тагарт и Алекс Пол ќе настапат во капсула која ќе биде прицврстена за стратосферски балон, а концертот ќе се одржи во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Електронското дуо ќе се придружи на група научници и инженери од приватната компанија за вселенски истражувања World View, на еден од првите летови во вселената за две години од сега.

„Отсекогаш сме сонувале за патување во вселената и тотално сме возбудени поради соработката со World View која ќе нѝ ја овозможи оваа авантура и искуство“, рекле Дру и Алекс за „AP“, додавајќи дека глетките ќе бидат неверојатни и ќе им послужат како инспирација за идни проекти.

Од компанијата за вселенски истражувања велат дека се одлучиле за „Чеинсмоукерс“ поради тоа што нивната музика допира до многу групи од различни возрасти и дека страста со која ѝ пристапуваат на музиката одговара со нивната страст кон развојот на радикално подобра иднина на планетата.

Диџејското дуо се прослави со синглот Selfie од 2014 година. Оваа година го објавија својот четврти албум, So Far So Good.

Share
Scroll to Top