„Кога бев млада, имав три спонтани абортуси. Првиот кога имав 18 години. Бев сама во нашата куќа. Сони дојде дома, а јас липав и се виткав на подот”, го опишала Шер својот прв спонтан абортус. При вториот спонтан абортус, напишала, врескала од болка, а лекарот веднаш ја испратил на операција.
„Што би се случило со мене денес?“ Шер се прашала на крајот, мислејќи на одлуката на Врховниот суд на САД со која се ограничува правото на жените на абортус.