Маж спаси девојче кое паѓаше од петтиот кат од зграда на истокот во Кина, пренесоа тамошните медиуми. Видеото е објавено на Veibo, а подоцна се рашири и на другите социјални мрежи.
Портпаролот на одделението за информации од Министерството за надворешни работи на Кина, Лијан Жао, го нарече херој човекот кој го спаси девојчето.
Heroes among us. pic.twitter.com/PumEDocVvC
— Lijian Zhao 赵立坚 (@zlj517) July 22, 2022
Шен Донг рече дека слушнал силен вирсок кој доаѓал од правецот на зградата. Тој разговарал на телефон кога го забележал двегодишното девојче како паѓа. Кога го видел одма го фрлил мобилниот и побрзал да го фати, пренесоа Sout Čajna Morning Post и Hindustan times.
Детето брзо потоа било однесено во болница. Таму констатирале мали повреди, но состојбата ѝ била стабилна.