Македонија со филмот „Најсреќниот човек на светот“ после триесет години на Венецијанскиот филмски фестивал

Македонија со филмот „Најсреќниот човек на светот“ после триесет години на Венецијанскиот филмски фестивал

пред 2 години

Со филм на Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“, Македонија се враќа на Венецијанскиот филмски фестивал, информира Агенцијата за филм.

dobivaj vesti na viber

Ова е прво учество на Македонија со мнозински проект во една од официјалните натпреварувачки програми на еден од трите најголеми фестивали во светот, после триесет години. Македонскиот филм на фестивалот ќе се натпреварува за најдобра режија, најдобар филм, улоги и други важни признанија.

Венецијанскиот филмски фестивал ќе се одржи од 31 август до 10 септември.

 

Од Агенцијата за филм велат дека „Најсреќниот човек на светот“ е филм кој говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, Босна и Херцеговина и Данска.

Share
Scroll to Top