Приказните за туристите со домати ова лето се поактуелни од вообичаено, па дури и оние побогатите носат харана од дома. Фотографија од Порше, вредно околу 200.000 евра и врз него шатор стана хит на социјалните мрежи. Особено на Твитер, така и на Фејсбук страницата „Live from Greece“.
„Како се вели на германски: ‘Патлиџан турист со Порше?’“, „Ма тоа е некој наш, гастербајтер“, „Или се плаши од лавови, или се плаши некој да не му го украде Поршето“, „Ова се вели: луѓе кои знаат да уживаат. Наредната година и јас ќе одам вака“, „Рецесијата пристигна“, се само дел од коментарите.
Recession is here… pic.twitter.com/x0ODsvQB7e
— IceBreakr (@icebreakr) July 31, 2022