Froggy Beachstar нуди автономија од 200 километри во стандардната верзија и 300 километри со батерија со продолжен радиус на движење.
Dartz е компанија од Латвија која е специјализирана за производство на скапи и уникатни теренци отпорни на куршуми. Со својот нов проект, овој производител тргна во сосема поинаква насока.
Freze Froggy EV Beachstar е мал електричен кабриолет кој како да испаднал од временска машина поставена во 1980-тите.
Веб-страницата на производителот го рекламира овој кабриолет со слоганот: Најевтиниот електричен автомобил во ЕУ!
Дали е најевтин, не сме сосема сигурни, но овој мал автомобил изгледа како играчка. Се базира на кинескиот електричен автомобил Wuling Hong Guang Mini EV.
Dartz објасни дека го изградил Freze Froggy EV Beachstar специјално за „car sharing“ програми и компании за изнајмување автомобили.
Малиот автомобил нуди автономија од 200 километри во стандардната верзија и 300 километри со батерија за долг дострел. Моќноста на електромоторот е 41 КС.
Според производителот, максималната брзина е 100 km/h.
Како што велат, возилото е визуелен омаж на претходните автомобили на Dartz (на сликата), Милениум Мерцедес, со шасија од Г-класа и каросерија од класа SLK што компанијата ја направи за инвеститорот Џим Роџерс и неговата сопруга или Фолксваген Буба, која наликува на жаба и е дизајнирана во раните деведесетти.
Dartz планира да започне со испораки на моделот Freze Froggy EV Beachstar во средината на 2023. Цената би требало да биде околу 20.000 евра.