Кадетската машка репрезентација на Македонија го освои MEN’S 18 EHF CHAMPIONSHIP 2022 LAT. Денес во финалниот натпревар на шампионатот против репрезентацијата на Швајцарија, Македонија победи со 24:22.
Освоеното прво место на шампионатот на Македонија и донесе директен пласман на младинско Европско првенство во 2024 и кадетско Светско првенство во 2023 година.
Голманот Давид Брестовац беше избран за МВП на големото финале, а најефикасни во нашиот тим беа Томислав Димковски со седум и Александар Петковски со шест погодоци.
Претходно „црвено-жолтите“ во полуфиналето доминантно славеа над врсниците од Луксембург (32-22), а супериорни беа и во мечевите од групната фаза со Турција (34-19), Косово (39-16) и домаќинот Литванија (33-23).