Вулканска ерупција може да ја уништи цела планета, предупредија научниците

Вулканска ерупција може да ја уништи цела планета, предупредија научниците

пред 2 години

Научниците веруваат дека постои шанса во овој век да се случи голема вулканска ерупција која би може да ја промени климата и милиони луѓе да бидат во опасност.

Тие потсетија на вулканот Хунга Тонга кој се случи во јануари покрај брегот на Тонга во јужниот Тихи океан. Експлозијата била толку голема што цунами ги погоди бреговите на Јапонија, Северна и Јужна Америка, а Тонга претрпе штета која е еднаква на речиси петина од вкупниот БДП.

Анализата на ледените езера на Гренланд и Антарктикот кој ја направил тим од Институтот Niels Bohr во Копенхаген, откри дека вулканската ерупција со јачина од 7 – би можела да биде 10 до 100 пати поголема од онаа забележана во јануари и е реално да се случи овој век.

Ерупции со волкави јачини во минатото предизвикале моментални климатски промени и колапс на цивилизациите. Сепак еден од водечките британски вулканолози, денес предупреди дека светот не е неподготвен за ваков настан.

„Не постои координирана акција, ниту големо вложување за да се ублажи глобалниот ефект на ерупцијата од вакви големи размери. Ова треба да се промени“, рече вонредниот професор по вулканологија на Универзитетот во Бирмингем Мајкл Кесиди.

Тој заклучи дека НАСА и другите агенции добиваат стотина милијарди долари за финансирање и планирање на планетарна одбрана, односно да спречат астероиди или други космички проекти да удрат во Земјата.

Но, не постои глобална програма посветена за заштита од девастација која би можела да се случи по вулканска ерупција од големи размери, нешто за што стотина пати е поголема веројатноста дека ќе се случи, отколку ако удрат астероид и комета заедно.

Последната ерупција на магнитуда 7 се случила во 1815 година во Томбори во Индонезија, а во тие моменти настрадаа повеќе од 100.000 луѓе за неколку дена, а последиците ги почувствуваа милиони ширум светот.

Вулканот исфрлил толку огромни количини пепел во воздухот, што 1815 година стана позната како година без лет, затоа што просечната температура на Земјата паднала за еден степен.

Ова негативно влијание врз глобалната клима предизвика широко распространето откажување на културите во Кина, Европа и Северна Америка, додека поројните дождови и поплавите предизвикаа ширење на колерата низ Индија, Русија и многу други азиски земји.

Професорот побара од светските влади да го зголемат финансирањето за планирање на катастрофи и следење на потенцијалните закани од ерупции, особено кога ерупциите од големи размери стануваат поверојатни поради зголемувањето на нивото на морето и топењето на ледените капаци.

Кесиди исто така рече дека можеби постојат стотина или илјади неактивни вулкани чии локации не им се познати.

„Според нашето мислење, недостатокот на инвестиции, планирања и ресурси за одговор на големи ерпиции е непромислен“, рече Кесиди.

Share
Scroll to Top