Винарница бара човек кој ќе пие вино, плата 700 евра за 3 дена

Винарница бара човек кој ќе пие вино, плата 700 евра за 3 дена

пред 2 години

Британски производител на вино бара кандидат кој ќе учествува во дегустација на вина, а при тоа ќе биде платен за тоа. Станува збор за британската компанија „Majestic“ која бара кандидат да учествува во нивната vinternship пракса која вклучува патување во Португалија со цел дегустација на вина, директно во винарницата на производителот.

dobivaj vesti na viber

На избраниот кандидат ќе му биде платен летот и сместувањето и ќе добие 600 фунти за неговиот тридневен ангажман, а со себе може да донесе и пријател за да го сподели искуството.

Работните обврски вклучуваат обиколка на лозјето со коњ и кочија, посета на винарската визба и просторијата со буриња пред да пробате голем избор на вина и маслинки од пет региони низ Португалија: Алгарве, Алентехо, Лисабоа, Дуро и Вињо Вердес.

Двајцата посетители, исто така, ќе бидат почестени со ручек.

 

Share
Scroll to Top