Работник ја тужи фирмата оти многу се опијанил на тим билдинг

Работник ја тужи фирмата оти многу се опијанил на тим билдинг

пред 2 години

Британската компанија ПВЦ (англ. PWC) доби тужба од нивни вработен поради повреда која ја добил на настан организиран од компанијата.

dobivaj vesti na viber

 Мајкл Броки тврди дека се повредил на настан организиран од компанијата за вработените. Во рамките на настанот вработените оделе во пабови, иако било предвидено неесто во паб да играат голф.

Броки тврди дека настанот поттикнал претерано пиење  алкохол. Тој  бил толку пијан што не се сеќавал што се случило во следните 22 часа. Овој 28-годишник бара отштета од 200.000 долари од компанијата бидејќи морал да земе неплатен одмор од 6 месеци за да оздрави.

– Како одговорен работодавец, посветени сме на сигурна, здрава и инклузивна култура за сите наши вработени. Исто така, очекуваме сите што ги посетуваат социјалните настани да бидат одговорни и да се грижат за сопствената безбедност и безбедноста на другите – изјавиле од компанијата.

Share
Scroll to Top