Србија рутински против Чешка, Украина сизбегна пораз од Естонија

Србија рутински против Чешка, Украина сизбегна пораз од Естонија

пред 2 години

Србија ја победи Чешка, а Украина славеше над Естонија, во натпреварите кои започнаа во 17.30 часот на 41. Европско првенство.

Србите рутински се справија со еден од домаќините на Евробаскетот. Во раната фаза на мечот стекнаа двоцифрена предност, потоа се одлепија на 21 поен од Чешка, па и покрај опуштањето во последниот период славеа со 81:68.

Србија до победата ја предводеше Никола Јокиќ со 18 поени, 11 скока и пет асистенции, најефикасни во чешките редови беа Хрубан и Крејчи со по 13 поени.

Кошаркарите на Украина успеаја да избегнат шок и да ја победат Естонија и покрај тоа што водеа само еднаш во текот на натпреварот Сидоров на 55 секунди до крајот за 74:73.

До крајот Естонците не реализира два, а Украинците еден напад.

Свјатослав Михајлук беше најефикасен во победничката екипа со 18 поени, Херун постигна 12, а двоцифрен поентерски учинок имаа и Сидоров со 11 и Ткаченко со 10 поени.

Естонците ги предводеше Котсар со 17 поени, Куламе постигна 11, а Дрес постигна 10 поени.

Share
Scroll to Top