Романскиот тим Крајова е победник на меѓународниот одбојкарски турнир кој викендов се одржа во Струмица по повод 75-годишнината од постоењето на одбојкарскиот спорт во градот. Романците со три победи го завршија турнирот на првото место.
Втората позиција ја зазеде домаќинот Струмица Никоб која оствари две победи во трите одиграни средби. Струмичани славеа против Будва и против Раднички со по 3:2 во сетови, а загубија од Крајова со максимални 3:0 во сетови.