(Видео) Тинејџерка ја прегрна Меган Маркл и ѝ покажа дека е добредојдена во Виндзор

(Видео) Тинејџерка ја прегрна Меган Маркл и ѝ покажа дека е добредојдена во Виндзор

пред 2 години

На Меган Маркл за време на посетата во Виндзор ѝ пријде на една тинејџерка и ја прегрна. 

Американската актерка и сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, ја изненади јавноста кога се појави со својот сопруг во друштво на принцот Вилијам и принцезата Кејт. Браќата и нивните сопруги додека оделе ги гледале луѓето кои се појавиле со подароци и цвеќиња за кралицата Елизабета. Додека минувале покрај голем број луѓе, им пришле да ги поздрават присутните. Многумина беа среќни кога ги видоа двајцата принца како одат еден до друг, повторно обединети.

Меган и Кејт разговараа со многу деца, добија букети цвеќе и подароци. Војвотката од Сасекс во еден момент гушка млада девојка. Меган ѝ пријде на тинејџерката која ги стави рацете преку устата. Тинејџерката прашала дали може да ја гушне Меган, а таа ѝ дала потврден знак со  кимнување на главата.

За време на кратката прегратка, тие размениле неколку зборови, а Меган можеше да се види како ја смирува девојката додека ја става раката на нејзиното рамо.

„Само ја чекавме да дојде и таа дојде кај мене и ме праша како се чувствувам и колку долго чекам. Прашав дали можам да ја гушнам и таа ме прегрна, беше неверојатен момент. Сè уште се тресам“, изјавила тинејџерката.

Девојката открила дека сакала да ѝ приреди топло добредојде.

„Сите некако ме бодреа и претпоставувам дека се чувствував како што треба, само сакав да ѝ покажам дека е добредојдена овде. И сакав да ја гушнам по сè што се случи“, истакна таа и рече дека е убаво да се видат Кејт, Меган, Вилијам и Хари заедно.

 

 

Share
Scroll to Top