Интересен момент среде репортажа на Би-би-си, кога новинарката интервјуирала случаен минувач кој бил на пат кон Бакингемската палата во 2 часот наутро по смртта на кралицата кој не знаел зошто сите се движат во тој правец, па тргнал и тој.
Во петокот рано наутро водителката на вестите била пред Бакингемската палата за да разговара со присутните кои спонтано се собирале околу резиденцијата на покојната кралица, веднаш по објавувањето на нејзината смрт.
Еден од присутните кои ги сретнала водителката всушност не знаел дека кралицата починала и покрај тоа што бил пред кралската резиденција.
„Само објасни ни зошто си тука, во Лондон сред ноќ“, Мадера го прашала човекот.
„Всушност, дојдов дома по деловен настан, го вклучив телевизорот и те видов тебе – помислив почекај малку, нешто се случува овде. Па дојдов да го видам ова, да бидам дел од него. И на сознанието дека луѓето се тука…“, рекол тој.
Видеото се споделува на социјалните мрежи, а корисниците се убедени дека споменатиот човек немал поим што всушност се случило и дека кралицата починала.
.