Нели Фуртадо непрепознатлива на црвениот тепих во Торонто по сериозните здравствени проблеми

Нели Фуртадо непрепознатлива на црвениот тепих во Торонто по сериозните здравствени проблеми

пред 2 години

Канадската пејачка Нели Фуртадо која доживеа светска слава во раните 2000 -те години, одеднаш исчезна од музичката сцена, а причината за тоа е проблеми со здравјето, открива таа во интервју за „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Нели Фуртадо, која денес има 43 години. Таа неодамна се појави на црвениот тепих во Торонто по долго отсуство во јавноста. Како што пренесуваат странските медиуми, оваа канадска пејачка оваа година ќе настапи на новогодишниот фестивал во Австралија.

Во 2017 година таа откри дека доживеала нервен слом на сцена за време на нејзината музичка турнеја.

Повеќе од пет години Нели Фуртадо ја држеше завидната позиција на светски позната пејачка и  беше блиску до врвот на сите музички топ листи.

„Бев на турнејата „Loose“ со ќерка ми. Бев, во исто време, мајка и пејачка на пат“, додадла таа.

Фуртадо одлучила дека повече не можеше да настапува и решила дека е време потенцијалната блескава кариера да ја замени со мирен живот, за да го зачува своето здравје.

Таа отвори своја издавачка куќа за да им помогне на младите уметници да имаат целосни права на нивните песни.

 

Share
Scroll to Top