Економист од Хрватска објави интересна статистика на Facebook за куповната моќ во различни земји, врз основа на цената на најновиот iPhone.
Дејан Ковач, хрватски економист, на својот Фејсбук профил го објави „Индексот на iPhone 14“. Индексот го претставува процентот на годишна плата што треба да се одвои за да се купи iPhone во различни земји.
Споменатиот индекс покажува дека во Србија е потребно да се издвојат 21,09 отсто од годишната плата за да се купи нов iPhone. Од друга страна, во Хрватска за нов телефон на Apple потребно е да се издвојат 10,27% од годишната плата, додека во Босна и Херцеговина се потребни 26,23% од платата.
Интересно е што во побогатите европски земји, како Германија, Австрија или Финска, потребно е да се издвојат помалку од три отсто од годишната плата за да се купи нов iPhone.
Разликата во куповната моќ меѓу најбогатите и најсиромашните може лесно да се види ако се погледне фактот дека во некои земји во Африка е неопходно да се издвојат повеќе од 60 отсто од годишната плата за нов iPhone.
Неодамна ги дознавме цените на новата линија iPhone 14, па можевме да видиме дека тие ќе чинат многу повеќе во Европа отколку во САД.
Така, iPhone 14 во Германија чини 1.000 евра, iPhone 14 Plus има цена од 1.149 евра, моделот iPhone 14 Pro чини 1.299 евра, додека iPhone 14 Pro Max чини 1.449 долари. Ова се цените за основните модели.