Лендерот InSight на НАСА најверојатно ја испратил својата последна слика од површината на Марс. Откако почна да собира податоци на почетокот на 2019 година, лендерот откри многу фасцинантни работи за внатрешноста на Црвената планета.

На пример, тој откри дека Марс не е сеизмички „мртов“ како што претходно претпоставувавме, туку дека неговото тло понекогаш се тресе, што сугерира дека има вулканска активност под регионот Cerberus Fossae.

Досега има забележано повеќе од 1.300 земјотреси, а во мај имаше еден крајно необичен. Имено, освен што тоа беше најсилниот земјотрес забележан досега на Црвената планета, тој беше и најдолгиот – Марс се тресеше десет часа.

InSight беше лансиран во мај 2018 година, а слета на Марс на 26 ноември истата година. За време на неговиот престој на Марс, тој ја мерел сеизмичката активност на планетата и се обидел да открие каква е температурата внатре.