Неколку чашки алкохол дневно, го намалува ризикот од деменција

Неколку чашки алкохол дневно, го намалува ризикот од деменција

пред 2 години

Две чаши алкохолен пијалок дневно помагаат да се намали ризикот од деменција за повеќе од една третина, покажа едно истражување.

dobivaj vesti na viber

Откако ги анализирале навиките за пиење на речиси 25.000 луѓе постари од 60 години, експертите откриле дека луѓето кои не пијат се изложени на најголем ризик да развијат болест со губење на мозокот.

За споредба, луѓето кои пиеле една до две пијалоци дневно имале 38 отсто помал ризик.

Научниците тврдат дека алкохолот може да го заштити срцето, што пак помага да се намали ризикот од деменција. Друга теорија е дека го намалува создавањето на токсични протеини поврзани со Алцхајмерова болест.

„Пиењето до пет единици дневно е поврзано со помал ризик од деменција во споредба со доживотната апстиненција“, рече д-р Луиз Мевтон.

„Резултатите покажаа дека луѓето кои никогаш не пиеле алкохол имаат поголема веројатност да развијат деменција од оние кои користеле. Овие резултати се во согласност со претходните истражувања на оваа тема, кои исто така покажуваат дека прекумерното консумирање алкохол, како и не пиењето, се поврзани со поголем ризик од деменција“, заклучи д-р Сара Имасио.

Share
Scroll to Top