Познатата ќебапчилница „Дестан“ ја ангажираше Лила да го рекламира нивниот нов драјв-тру ресторан на Инстаграм. Водителката и инфлуенсерка објави видео како нарачува десетка со кромид. Лила важи за најпознатата инфлуенсерка во Македонија со преку 216 илјади следбеници на Инстаграм. Зад неа се Маријана, Џамбазов, Антониа, Каролина, Тамара, Лоба и многу други. Повеќето нејзини објави се реклами, па на нејзиниот профил може да се најде сè: од накит и очила, преку понуди за патувања и туристички агенции, до облека, козметика, салони за убавина. Не е првпат да рекламира ни познат ресторан.
По теркот на светските инстаграм-ѕвезди Лила со фотка прослави и кога доби 200.000 следбеници. Бидејќи рекламира секакви производи, најчесто добива позитивни коментари од фановите, ама има и такви кои ѝ велат дека треба да престане да фолира и да прифаќа сè за пари.
Сепак водителката не крие дека на почетокот ѝ било тешко да собере следбеници на Инстаграм. Во едно интервју Лила кажа дека имало време кога плаќала за да добие следбеници, но потоа луѓето продолжиле да ја следат поради интересните фотографии и брендовите што ги рекламира.