Тројца руски космонаути безбедно се вратија од вселената

Тројца руски космонаути безбедно се вратија од вселената

пред 2 години

Тројца руски космонаути вчера безбедно се вратија од вселената. Олег Артемјев, Сергеј Корсаков и Денис Матвеев минаа 200 дена на Меѓународната вселенска станица. Тие се вратија со вселенската капсула „Сојуз“, која вчера слета во Казахстан.

dobivaj vesti na viber

Слетувањето беше снимено и од НАСА. Во средата Артемјев ѝ ја предаде командата на МВС на италијанската астронаутка Саманта Кристофорети, која стана првата Европејка во оваа улога.

Астронаутите Боб Хајнс, Кјел Линдгрен и Џесика Воткинс се со неа на Меѓународната вселенска станица. Минатата недела им се придружија космонаутите Сергеј Прокопиев и Дмитири Петелин од руски Роскосмос, како и Френк Рубио од НАСА.

Новата американска посада „Кру-5“, составена од командантката Никол Аунапу-Ман и нејзиниот колега од НАСА, Џош Касада, потоа јапонскиот астронаут Коичи Ваката и Русинката Ана Кикина би требало да пристигнат на МВС следната седмица.

Share
Scroll to Top