Хит комедијата „Ѓурологија“ на босанскиот актер Бранко Ѓуриќ пред скопската публика

Хит комедијата „Ѓурологија“ на босанскиот актер Бранко Ѓуриќ пред скопската публика

пред 2 години

Познатиот босански актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, доаѓа во Скопје со хит комедијата „Ѓурологија“ на 13 октомври во Домот на АРМ.

Со својот препознатлив босански шарм и долгогодишното актерско искуство, што се отсликува во неговите култни проекти „Топ листа надреалистa“ и „Аудиција“, Бранко Ѓуриќ Ѓуро преку „Ѓурологија“ го дава најдоброто од себе.

Еден вид (анти)стенд ап шоу „Ѓурологија“, како што сака да го нарече самиот Ѓуро, е всушност збирка од неговите интимни размислувања и погледи на животот, кои ги раскажува на искрен и урнебесен начин, одржувајќи ја публиката воодушевена, и речиси со непрекинато смеење.

Харизматичниот сараевчанец со холивудска и интернационална кариера како актер, режисер, кантавтор и рок музичар, во претставата ги обединува сите негови уметнички улоги и на публиката и претставува неспоредливо шоу од 90 минути.

Претставата веќе неколку години руши рекорди на гледаност во светот на театарот и стенд ап комедијата на нашите простори. Одиграна е повеќе од 450 пати и ја виделе преку 350.000 посетители, и сè уште продолжува да ја воодушевува публиката и да ги полни салите низ целиот регион.

Настапот на Бранко Ѓуриќ – Ѓуро започнува во 20 часот. Билетите се веќе пуштени во онлајн продажба.

Во продажба билетите за хит комедијата „ЃУРОЛОГИЈА“ на Бранко Ѓуриќ- Ѓуро во Скопје Познатиот босански актер Бранко- Ѓуриќ- Ѓуро, доаѓа во Скопје со хит комедијата „Ѓурологија“ на 13 октомври од 20 часот во Домот на АРМ. ww.karti.com.mk.

Share
Scroll to Top