Кревачка на тегови од Нов Зеланд ќе биде првата трансродова спортистка на Олимписките игри

Кревачка на тегови од Нов Зеланд ќе биде првата трансродова спортистка на Олимписките игри

пред 3 години

Лорел Хабарад ќе го претставува Нов Зеланд во кревање тегови на Олимпијадата во Токио и таа ќе биде првата трансродова спортиска која ќе се појави на едно вакво натпреварување. Пред да направи транзиција во жена во 2013 година, таа се натпреварувала како маж.

Меѓународниот олимписки комитет во 2015 година ги промени правилата поврзани со трансродови спортист, кога им дозволи да учествуваат на ОИ.

Хабарад (43) која беше избрана во тимот на Нов Зеланд, ќе се натпревара во супертешка категорија на 2 август и ќе биде една од главните конкурентки за медал.

Многумина сметаат дека Хабарад ќе има неправедна предност, затоа што пубертетот го поминала како машко. Таа освои сребрен медал на Светското првенство во 2017, а две години подоцна беше шеста.

„Пресреќна сум што влегов во тимот. Благодарна сум за поддршката што ја добив од толку многу Новозеланѓани. Кога ја скршив раката пред три години, ми кажуваа дека мојата кариера е завршена, но со ваша поддршка поминав низ тие мрачни времиња“, изјави Хабард.

Share
Scroll to Top