Тиква тешка 627 килограми е победник на есенски фестивал во Хрватска

Тиква тешка 627 килограми е победник на есенски фестивал во Хрватска

пред 2 години

Тиква тешка 627 килограми е најтешката на овогодинешниот есенски фестивал во Товарник, Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Тиквата ја одгледал Ивица Рибариќ од Козарац, кој победил на фестивалот.

„Целото растение е старо 170 дена. Значи, треба да се грижите за неа повеќе од половина година. Напролет се плашите од мраз, во лето од суша, во почетокот на септември од дожд, глувци и лошо време и сето тоа мора да го издржите“, вели Ивица.

Рибариќ одгледува тикви десет години, а првата тиква што ја одгледал тежела околу 30 килограми.

„Бара многу работа, а јас немам ниту квалитетно земјиште. На оваа тиква потрошив 20.000 литри вода, што не е мал трошок“, вели тој и додава дека е исклучително горд што и годинава успеал да одгледа толку голема тиква.

На второ место бил Крунослав Пеиќ со тиквата тешка 383, а на трето место за Фрањо Дошен со тиква тешка 51 килограм.

Share
Scroll to Top