Пет собарки на грчкиот остров Миконос биле хоспитализирани откако јаделе чоколади и слатки кои останале во фрижидерите по заминувањето на гостите.
Слатките најверојатно биле со супстанци кои предизвикуваат халуцинации, пишуваат грчките медиуми.
Миконос е остров познат по лудите забави на кои се користи и дрога.
Во изнајмените вили, гостите оставаат се и сешто по нивното заминување.
Се утврдило дека слатките содржеле псилоцибин, супстанца со сличен ефект како и ЛСД, која може да предизвика еуфорија, промена на емоциите и халуцинации.