DartzMotorz од Латвија започнува со производство на десет примероци од теренецот Prombron The Dictator Aladeen.
Цените на новиот Prombron од лимитираната серија започнуваат од 750.000 евра, а доколку купувачите сакаат возилото да биде целосно блиндирано, ќе треба да издвојат најмалку еден милион евра.
За разлика од многу фалсификати, Prombron е навистина позлатен, пишува Јутарњи.хр.
Според Дејли Мејл, автомобилот е базиран на еден од најлуксузните теренци што можете да ги купите – Mercedes-Maybach GLS, чиј 4,0 литарски V8 мотор е подигнат од Dartz на 800 КС. Ова значи дека овој „ѕвер“ тежок три тони може да забрза од 0 до 100 за само 3,8 секунди!
Од премиерата на филмот „Диктатор“ во 2012 година, Dartz веќе продаде десет златни „оклопњаци“ на Адмирал Генерал Аладин, ликот на Саша Барон Коен. Во филмот беа користени три од десетте оклопни возила на Dartz.