(Галерија) Синот на Шумахер доживеа тежок судар на трка, поради скршен пршлен морал во болница

(Галерија) Синот на Шумахер доживеа тежок судар на трка, поради скршен пршлен морал во болница

пред 2 години

Синот на некогашниот Формула 1 возач Ралф Шумахер, Дејвид, доживеал тежок судар на трката во Хокенхајм во ДТМ шампионатот. Дејвид се судрил во Томас Преининг, а откако и двајцата излетаа од патеката, удрија во заштитната ограда.

Дејвид го скршил пршленот и морал итно да биде пренесен во болница. Ќе биде надвор од трките подолго време. Дејвид е син на Ралф, помалиот брат на легендарниот возач на „Ферари“, Михаел Шумахер. За потсетување, синот на Михаел, Мик во петокот исто така доживеа незгода за време на тренингот во Јапонија.

„Дејвид дојде дома и се пожали на болки во грбот. Одлучивме да отидеме на преглед во Салцбург и се испостави дека му е скршен пршленот. Тоа значи дека ќе мора да паузира шест недели“, рече татко му Ралф.

Иако ова не значи дека Дејвид ќе паузира, затоа што ДТМ сезоната заврши со трката на Хокенхајм и до почетокот на нова година ќе може целосно да се опорави, а за несреќата го обвини Томас. За истата се огласи и мајка му, која исто така мисли дека Томас е виновен.

„Најважно е дека Дејвид е добро. Не е во ред Томас да дава било какви коментари без прво да се погледне себе си. Лесно е да се бара одговорност кај другите“, рече Кора.

Шумахер е еден од седумте возачи кој оваа сезона не успеале да освојат бодови во ДТМ шампионатот, а на крајот титулата ја освои Јужноафриканецот Шелдон ван дер Линде.

 

 

 

 

 

 

Share
Scroll to Top