Милик: Јас сакав да одам во Рома, клубовите не се договорија

Милик: Јас сакав да одам во Рома, клубовите не се договорија

пред 4 години

Напаѓачот на полската репрезентација Аркадијуш Милик пред дуелот со Босна и Херцеговина се обидел да објасни зошто во летниот преоден рок не се преселил во Рома.

Милик требаше да биде замената за Џеко во Рома, кој имаше договор со Јувентус. На крајот откако стана јасно дека од трансферот на Милик нема ништо Јувентус се откажаа од Џеко и го донесоа од Атлетико Алваро Мората.

За полските медиуми тој потврдил дека ги минал лекарските прегледи во Рим но на крајот трансферот му пропаднал.

„Не можам да ви откривам детали, ќе се обидам да ви објаснам на поинаков начин. За да биде реализиран еден трансфер треба да дојде до договор помеѓу фудбалерот и двата клуба. Ја се согласив на тој трансфер, но клубовите не се договорија и останав во Наполи“, рекол Милик и дополнил.

„Вистина е дека ги минав лекарските прегледи во Рома, се беше како што треба. Дури и од клубот се огласија. Сепак на крајот се пропадна, а јас не можам да објаснам што се случи. Ќе кажам само дека јас сакав да одам во Рома“.

Share
Scroll to Top