(Видео) Ученици од Скопје ги пееја песните од Тоше на Детската улица во Аеродром

(Видео) Ученици од Скопје ги пееја песните од Тоше на Детската улица во Аеродром

пред 2 години

Хорот составен од основците од ООУ „Лазо Ангеловски“ во чест на музичка ѕвезда Тоше Проески испеаја неколку негови песни.

dobivaj vesti na viber

Тие на Детската улица, пред фонтаната со ликот на Тоше го пееја хитот „Излажи ме“. Со ова покажаа дека иако немале можност да се родат во времето кога Тоше создаваше музика, сепак се запознаени со неговиот лик и дело.

„Децата од училиштето „Лазо Ангеловски“ нѐ потсетуваат на најголемите хитови, како и трајните вредности оставени од големиот Тоше Проески.  Едно од најубавите места во општината е Детската улица, каде засекогаш ќе се присетуваме на Тоше. Општина Аеродром се грижи неговите дела вечно да живеат во секој еден од нас.“ објави општина Аеродром.

Share
Scroll to Top